Skip to main content
Свет

Трамп и Нетанјаху ќе се обидат да го намалат извозот на иранска нафта во Кина

15/02/2026  19:57

Претседателот на САД, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата во Белата куќа, одржана на 11 февруари, се договорија да работата на намалување на извозот на иранска нафта за Кина, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори.

Се согласивме да извршиме максимален притисок врз Иран со полна сила, на пример, врз продажбата на иранска нафта во Кина, објави вчера „Аксиос“, цитирајќи висок американски функционер.

Министерството за надворешни работи на Кина коментирајќи ги наводите на „Аксиос“ соопшти дека „нормалната соработка меѓу земјите што се спроведува во рамките на меѓународното право е разумна и легитимна и треба да се почитува и заштитува“.

Кина учествува со повеќе од 80 проценти во извозот на нафта на Иран. Секое намалување на таа трговија би значело пониски приходи од нафта за Техеран.

Американските и иранските дипломати минатата недела, со посредство на Оман, разговараа за нуклеарната програма на Иран во обид да ја оживеат дипломатијата откако американскиот претседател распореди поморска флотила во регионот, додека американската армија се подготвува за евентуална неколку неделна операција против Иран.