
Па два дена натегања, конечно е испратен предлогот од страна на претседателката Гордана Силјановска Давкова за нов Гувернер на Народната банка.
Како што неофицијално дознаваме од собраниски извори, Трајко Славески е предлогот за прв човек на Народната банка, а предлогот до Собранието стигнал попладнево.
Покрај Славески, во игра за гувернер беа и актуелната гувернерка Анита Бежовска и екс министерот за финансии Зоран Ставрески.
Славески во еден период беше министер во владите на Никола Груевски, по што се врати на Економскиот факултет во Скопје.
По локалните избори во 2021 година се врати во политиката како претседавач на Советот на Град Скопје.
Во последните години тој често коментираше за економија а беше и силен противник на зголемување на минималната плата.