
-За власта судството е маша за заплашување и за притисок врз опозицијата. И граѓаните гледаат дека имаме заробено судство и дека довербата во судството не е ниту милиметар помрдната, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во интервју за Рацин.мк.
Ова се гледа и преку закочените реформските закони.
„Реформската агенда од која граѓаните треба да осетат дека нешто се придвижува во државава. И поради тоа да дадат за да се врати довербата во судството. Наместо тоа, ние гледаме дека судството е апсолутна маша за заплашување и за притисок врз опозицијата. Тоа оваа влада го докажа во многу наврати”, потенцираше потпретседателот на СДСМ.
Како примери, Трајановски ги наведе конкретните чекори на власта.
„Прво со резолуцијата во Собрание, со забраната за говор. Апсолутно на секој чекор. Сега и со Сејф Сити. Значи со апсолутна контрола. Оваа влада наликува многу на владата на Никола Груевски. Тоа што тој начин на владеење фактички е само пресликан. Затоа што овие луѓе сега што се на власт, сè третиот ешалон од времето на Груевски. Не може да се смени таа матрица на размислување. Ние сме тука да укажеме на тоа и да се бориме против тоа. Како ќе се бориме и како ќе успееме тоа да го претставиме пред граѓаните, тоа е наше и граѓаните ќе го видат тоа, посочи Трајановски во интервјуто за Рацин.мк
