Skip to main content
Македонија

Трајановски: Прво ограда и надзор, потоа студии за Вардариште (видео)

03/09/2025  18:49

На денешниот протест против загадувањето и честите пожари на депонијата Вардариште присуствуваа и кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот за општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

Во изјава за 24инфо, Трајановски нагласи дека проблемот со Вардариште е децениски и не смее да се одложува неговото решавање:

„Мислам дека не треба да се чека да поминат изборите – веднаш треба да се делува. Ова е веќе децениски проблем во Вардариште и конечно на народот му е зовриено. Потребни се активности, а прво што бараме е оградување и видео надзор на локацијата за заштита од палење. Потоа треба да се разгледуваат и филибилити студиите. Очекувам поддршка и од пошироката јавност, затоа што се работи за здравјето на сите луѓе. Секој ден очекувам се помасовна поддршка од жителите на Аеродром и Гази Баба“, изјави Трајановски.

Протестите продолжуваат со порака дека решението за Вардариште мора да биде приоритет за идната градска власт и институциите.