Skip to main content
Скопје

Трајановски: Потребен е хуман пристап и заедничко делување за подобра општина

15/07/2025  16:03

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром и член на Извршниот одбор на СДСМ, д-р Александар Трајановски, вчера оствари средба со жителите на населбата Стар Аеродром, при што во отворен разговор се дискутираа клучните предизвици и идеи за подобрување на квалитетот на живот во овој дел на Скопје.

Граѓаните посочија повеќе теми кои го засегаат нивното секојдневие, од хигиената на јавните површини, зеленилото и урбаното уредување, до прашањата поврзани со детските градинки, училиштата и паркирањето. Разговорите се одвиваа во конструктивна атмосфера, а соговорниците покажаа подготвеност да се вклучат во идните решенија.

Посебно внимание беше посветено на јавниот повик на Општина Аеродром до пензионерите за ангажман во јавната чистота. Д-р Трајановски, како медицинско лице, потенцираше дека во услови на високи летни температури е исклучително важно да се води сметка за здравјето на постарата популација.

„Верувам дека постојат поодржливи начини за ангажман на пензионерите кои сакаат да придонесат во општеството, без да се ризикува нивното здравје. Наместо тоа, потребно е да се мотивираат младите и сезонските работници преку подобри услови и повисоки примања” истакна Трајановски.