Skip to main content
Скопје

Трајановски: Две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките во општина Аеродром

07/10/2025  16:14

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром

Еден од најголемите проблеми во нашата општина е недостатокот на слободни места во детските градинки.

Родителите со години се соочуваат со листи на чекање за упис во градинка и преголеми групи на деца во градинките.

Секое дете во Аеродром мора да има свое место во градинка. Тоа е еден од главните приоритети на кои ќе се посветам како иден градоначалник.

Не нудиме неостварливи ветувања. Две нови современи детски градинки предвидовме за следните 4 години – една во Мичурин со капацитет од 300 деца и една во Ново Лисиче со капацитет од 150 до 250 деца.

Овие градинки ќе бидат изградени по највисоки стандарди, со енергетски ефикасни објекти, целосна пристапност за лица со попреченост и со современи услови за престој, воспитание и игра.

Со тоа отвораме повеќе од 450 нови места за децата во Аеродром, а дополнително проширување на постоечките градинки конечно ќе го решиме долгогодишниот проблем со недостигот на капацитети во градинките.

Нашата цел е ниедно дете во Аеродром да не остане без место во градинка.

Заедно се бориме за нашиот дом!