Skip to main content
Скопје

Трајановски: Дрисла станува закана по здравјето на скопјани, потребна e итна реакција, граѓаните немаат време за чекање 

13/09/2025  16:28

Соопштеие на СДСМ:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина  Аеродром, д-р Александар Трајановски, денеска при теренската посета на депонијата Вардариште остро реагираше на состојбата со депониите Дрисла и Вардариште. Тој ја обвини владата на ВМРО ДПМНЕ, дека еколошката безбедност на Скопје е во  целосен колапс.

Трајановски при денешната посета на Вардариште, на која што беше и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека постои ризик од експлозии поради тоа што депонијата се уште чади.

„Гасењето со пена не функционира, има постојан ризик од експлозии поради акумулација на метан, а нема ниту  механизација, ниту транспарентност. Ова не е само еколошки проблем. Ова е прашање на јавна безбедност мора власта веднаш да реагира за спречување на катастрофа од Дрисла и Вардариште”, изјави Трајановски. 

При тоа Трајановски посочи дека СДСМ има конкретно и одржливо  решение за Вардариште кој вклучува воведување механизација за покривање на отпадот со земја затворање на жариштата за елиминирање на кислород и влага, систем за извлекување и согорување на метанот, формирање стручен штаб со експерти за управување со отпад.

„Недозволиво е  Советот на Град Скопје каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ да  молчи за вакава еколошка катастрофа додека граѓаните се гушат. Ова е сериозна закана за здравјето на граѓаните, скопјани немаат време за чекање и лажни ветувања. Потребна е итна реакција”, рече Трајановски додавајќи дека советничката група на СДСМ Во Град Скопје веќе има побарано итно свикување на седница на Советот.