Skip to main content
Балкан

Трагедија во Србија: Татко прегази едногодишно дете со трактор

17/06/2025  12:59

Тешка несреќа се случила во местото Селенча во Србија, кога маж со трактор го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото место.

Татко, додека се движел наназад со тракторот, го прегазил своето едногодишно дете кое било зад тракторот, објави Блиц.

Полициската управа на Нови Сад потврди дека се случила трагедија, а полицијата спроведе истрага.

Како што објави Блиц, таткото се подготвувал да се упати кон полето со приклучена прскалка кога детето се нашло зад тракторот.