Skip to main content
Хроника

Трагедија во Скопје, 2-годишно дете прострелано во глава

01/01/2026  13:12

Новогодишната ноќ во Скопје и околината била особено бурна за дежурните служби, со голем број повреди кај граѓаните.

Најтежок случај е двегодишно дете со непознати лични податоци, примено на интензивна нега со прострелна повреда на главата од огнено оружје.

Детето е во животна опасност, а засега нема официјални информации за околностите под кои се случил инцидентот.

Лекарите апелираат за внимателност и одговорно однесување, особено при ракување со пиротехника и огнено оружје.