
Телата на татко и на ќерка биле пронајдени во Голија, околу 50 километри од Никшиќ, Црна Гора. Како што дознаваат медиумите, станува збор за убиство и за самоубиство, објави српска Република.
Според информациите до кои дошле медиумите, по расправија со својата вонбрачна сопруга, 34-годишниот Ж. Д. заедно со својата 2-годишна ќерка се оддалечил во непознат правец.
По пријавата, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на Ж. Д.
Подоцна, таткото на Ж. Д. пријавил во полиција дека се случила семејна трагедија и дека во Голија ги пронашол безживотните тела на своите син и внука, при што постои сериозно сомневање дека станува збор за убиство и за самоубиство.
На местото на настанот веднаш биле испратени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, која ја констатирала смртта на двете лица.
Досега преземените полициско-обвинителски мерки укажуваат на тоа дека Ж. Д. првин си ја убил малолетната ќерка, а потоа извршил самоубиство со огнено оружје.