Skip to main content
Балкан, Хроника

Трагедија во Црна Гора – почина македонка откако и се слошило во морето

09/08/2025  17:00

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето додека пливаше.

Ова за црногорски „Вијести“ го потврдиле од полицијата во Будва, кои спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство.

Како што пренесуваат, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а и се слошило додека пливала во плиткото, во морето.

Екипата за итни случаи пристигнала на местото на настанот, но обидите за реанимација биле залудни.

Инаку, жената била долгогодишен срцев пациент.