Неколку лица го загубија животот попладнево во Цетиње, откако по физичка пресметка во кафеана, осомничениот А. Мартиновиќ употребил огнено оружје и пукал во присутните, потврдуваат неофицијални извори за „Вијести“.
Според информациите, полицијата интензивно трага по осомничениот, а сите расположливи единици се на терен. Инцидентот се случил во угостителски објект во населбата Бајице.
Полициската управа апелира до граѓаните да останат смирени и во своите домови додека трае акцијата за приведување на сторителот.
„Ситуацијата не е поврзана со организирани криминални групи, туку е инцидент од ситуациски карактер“, стои во соопштението на полицијата.