Skip to main content
Балкан

Трагедија во Будва: 19-годишна Србинка загина при пад со парасејлинг

28/05/2025  18:29

Деветнаесетгодишна девојка од Србија го загуби животот денеска во Будва, Црна Гора, при несреќа за време на парасејлинг. Според црногорскиот портал Vijesti.me, младата жена паднала од висина од околу 50 метри во морето, откако се откачила од сајлата со која била прикачена за падобранот.

Очевидци изјавиле дека веднаш по падот, девојката била извлечена од водата и со брод пренесена до градската марина. За жал, екипата на итна медицинска помош по пристигнувањето можела само да констатира смрт.

Полицијата врши увид, по што се очекуваат повеќе информации за причините што довеле до оваа трагична несреќа.

Парасејлингот е популарен адреналински спорт при кој учесниците летаат со падобран додека ги влече глисер, но трагичниот исход денеска повторно го отвора прашањето за безбедносните стандарди и регулативи во овој вид летна забава.