Skip to main content
Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: 19-годишно момче пронајдено мртво во стан, колегите од „Кромберг и Шуберт“ се простуваат

14/03/2026  18:40

Голема трагедија ја потресе Битола откако 19-годишно момче вчера било пронајдено починато во стан во градот. Локалната јавност и колегите се во шок од прераното заминување на младиот битолчанец.

Пронајден без траги на насилство, наредена обдукција Според официјалните информации од СВР Битола, телото на младото момче со иницијали А, објави 4news.mk Д. (19) било пронајдено без никакви видливи траги на насилство.

Смртта на самото место ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид извршила специјализирана екипа на СВР Битола, која ги прибрала сите потребни докази и изготвила записник за настанот.
Во текот на истражните дејствија биле присутни и претставници на Јавното обвинителство и други релевантни служби.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.
Емотивно простување од колегите
Младиот А.Д. бил вработен во познатата компанија „Кромберг и Шуберт Македонија“, од каде попладнево преку јавно соопштение изразија длабоко жалење за загубата на нивниот млад колега.

„Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот колега А.Д. (19). Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските. Ќе го паметиме како добар човек и ценет колега. Нека почива во мир“, стои во соопштението на компанијата.