Skip to main content
Хроника

Трагедија вечерва во Куманово- човек загина при експлозија на плинска боца

20/03/2025  22:30

Кумановец загинал при експлозија на плинска боца што вечерва се случила во населбата Перо Чичо.

– На 20.03.2025 во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово.

– Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек, додаваат од полицијата.