Skip to main content
Балкан

Трагедија на автомобилска трка во Варна: Маж загина, повеќе повредени

05/10/2025  21:54

Маж на возраст од 60 години загина, а десетина други лица се повредени, од кои едно е хоспитализирано со повреди опасни по живот, во инцидент што денеска се случи во Варна за време на бугарскиот шампионат во ридско-планински трки.

Според локалната полиција, загинатиот го следел релито од место каде присуството на публика било забрането.

Вкупно 38 екипажи учествуваа на трката, која беше дел од последното коло од бугарскиот шампионат во ридско-планински трки. Настанот го организираше Автомобилската федерација на Бугарија со поддршка на Општина Варна.