Skip to main content
Хроника

Трагедија кај Бучим: 13-годишник тешко повреден по пад од „хамачи“

06/11/2025  14:57

Вчера во 15:50 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Бучим, радовишко, 13-годишен малолетник од с.Почивало, штипско, управувајќи мотоцикл „хамачи“ изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болницата Штип.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.