
Министерот за внатрешни рабпти, Панче Тошковски на денешната прес конференција истакна дека во вчерашниот пожар во Кочани повредени се 160 лица, и според нивните информации имало 500 присутни лица и 250 продадени билети, по настанот создаден е оперативен штаб кој е во координација со сите институции.
По 17 часот се почнало со транспортот на починатите за обдукција во институтот за судска медицина и до сега има извршено обдукција на 15 во лица, а 45 лица се транспоттирани во странство.
Од утврденото досега од извршениот разговор вчера со еден од повредените, дел дуото е утврдено дека пиротехниката односно прскалките биле донесени одо страна на бендот и лицето е веќе починато.
Привенеди се 5 лица со кои се разговара и меѓу нив е и поранешен министер. Нареден е претрес кај 2 лица. Правното лице немало валидна лиценца за работа, односно приложил вчера фалсификат лиценца па и кај него ќе се врши претрес.
Вчера приведени 13 лица во Штип, меѓу кои сопственик, обезбедување, продавач на билети, член на пазарен инспекторат, еден од трудов инспектор и уште некои. Сите имаат притвор од 7 дена за предизвикување на општа опасност.
Пиротехниката ќе се вештачи и допра ќе се дознава дали тие имаат дозвола за користење.
Дискотеката работела во објект од лесна индустирија, а не угостителство, противпожарна заштита немало доволно, имало само 2 ПП апарати, немало два излеза, настапот бил на диво организиран, бидејќи немало писмен договор помеѓу изведувачите и сопственикот на локалот.