Skip to main content
Македонија

Тошковски: Завршени се обдукциите на сите починати во пожарот

18/03/2025  16:20

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на нова прес конференција попладнево истакна нови детали за случајот со пожарот во Кочани.

Тој потврди дека сите 59 починати се веќе идентификувани и завршени се обдукциите.

Додаде дека вкупно има 196 лица кои се повредени, од кои 20 се деца, а 93 од повредените се сместени тука во Скопје, а 80 се во странство.

Демантирани се информациите дека има повеќе починати лица, а и за среќа нема починати лица од оние повредените.