Skip to main content
Македонија

Тошковски со Агелер: САД остануваат силен партнер во реформите на МВР

04/09/2025  18:01

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на која, како што соопшти министерот, била потврдена блиската соработка и силната поддршка од САД за реформите во министерството.

„Денеска остварив искрена и содржајна тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер“, напиша Тошковски во својата објава на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека разговорот ја потврдил заедничката определба за јакнење на институциите и модернизација на системот, што е темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата.

„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните“, истакна министерот Тошковски.