Skip to main content
Македонија

Тошковски најави заострени казни за петарди

05/01/2026  15:07

За употреба на пиротехника и нелегална трговија со истото ќе следуваат остри казни. Министерот за внатрешни, Панче Тошковски, изрази незадоволство поради преполните скопски улици со петарди, и покрај превентивните кампањи. Тој најави чистка и во сопствените редови по шокантното откритие во СВР Велес.

Министерот потврди дека полициски службеник бил дел од криминална група која нелегално внесувала и транспортирала пиротехнички средства во државата.

„Индициите и доказите до овој момент се во насока на она што е веќе споделено – дека полицискиот службеник учествувал во нелегални дејствија поврзани со внесување и транспорт на пиротехника. Мораме да ги санкционираме сите кои придонесуваат пиротехниката да заврши во рацете на дечињата“, дециден е Тошковски.

Тој потенцираше дека лично се залага за многу построги санкции за оние кои увезуваат и шверцуваат опасни средства, со цел да се спречат трајни повреди кај најмладите.