Вечерва остварив работна средба со раководството на СВР Скопје и ги посетив полициските службеници кои се на терен, посветено работат за да ја обезбедат безбедноста и јавниот ред во пресрет на новогодишната ноќ.
Голема благодарност до секој полицаец кој вечерва е на својата должност, жртвувајќи го времето со своето семејство за да бидат меѓу граѓаните, таму каде што е најпотребно.
Апелирам до сите граѓани – прославете одговорно! Не возете под дејство на алкохол и воздржете се од користење пиротехнички средства. Полицијата е тука, присутна и будно ја следи состојбата.
Министерството за внатрешни работи и македонската полиција се секогаш во служба на граѓаните, фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски
Посакувам мирна и радосна новогодишна ноќ за сите!
Среќна Нова година! 🎉