Skip to main content
Македонија

Tошковски: Лага е дека нападот врз Арсовска се случувал пред полицијата

11/07/2025  19:43

За нападот при посета на дивоградба во скопски Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред очите на полицијата.

Министерот за телевизија Телма рече дека за тоа добил потврда од помошникот началник на СВР Скопје и е уверен дека и снимките од, како што рече, предметниот настан, ќе го потврдат тоа.

Тој во интевју за Телма вели дека МВР постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но истакна дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави, одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми.