Skip to main content
Македонија

ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Многу топло во Македонија уште претпладнево

14/08/2025  12:01

Територијата на нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, па така претпладнево насекаде имаме многу топло и сончево време, со појава на мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова претпладне во нашата Македонија. Може да се види дека претпладнево е најтопло во Скопје Петровец со измерени 32 степени.