
Два последователни силни земјотреси, проследени со уште еден послаб, беа регистрирани денес во Амасја, Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Интензитетот на првиот и најсилен земјотрес во 12:23 часот по локално време бил 4,5 степени според Рихтеровата скала, три минути подоцна, во 12:26 часот, следел земјотрес со јачина од 4,4 степени, а десет минути подоцна, земјотрес со јачина од 1,2 степени.
Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на длабочина од десет километри.