
Во Албанија денеска во 13:51 часот повторно е регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 72 километри југозападно од Елбасан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 5 километри, што укажува на плиток потрес.
Засега нема информации за материјална штета или повредени.