18-годишен жител на Гостивар доби кривична пријава откако ја натепал сопствената мајка, а се обидел да го нападне и таткото, нафрлувајќи му се со тврд предмет, соопшти полицијата.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против М.Ш.(18) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 10.12.2024 во семејниот домот, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, а потоа со тврд предмет се обидел физички да го нападне неговиот татко“, велат од МВР.