Skip to main content
Хроника

Тинејџер нападнат во Чаир, донесен во болница со тешки повреди

09/08/2025  19:40

На 8 август 2025 година во 09:03 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Б. (18) од село Марино, општина Илинден.

Според пријавеното, околу 01:30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, тој бил физички нападнат од Д.Н., лице кое го познавал, при што се здобил со повредите.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.