
Јове Владимиров е една од жртвите на трагедијата во Македонија, откако викендов избувна пожар во дискотека во Кочани.
Младиот човек зад себе остави неутешна сопруга, малолетни деца, како и многубројно семејство и пријатели кои не можат да се помират со фактот дека тој е една до 59-те невини жртви кои ги изгубија животите во стампедото кое се случи на 15 март, три часа по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што може да се види на неговиот Фејсбук профил, Јове работел како автомеханичар, имал камиони со приколки, а бил голем љубител на автомобили и бесни мотори на две тркала. Судејќи по болното збогување на социјалните мрежи, Јове секогаш бил насмеан, весел и голем пријател.
– Драг мој, златен брат. Ти не беше човек, ти беше човечиште. Таква душа не се раѓа по втор пат. „Почивај во мир Јове, летај со ангелите“, гласи една објава во која жртвата позира седејќи на мотор, додека десетици мотори го опкружуваат.
„Сочувство до семејството, изгубивте голем човек“, „Не знам кој има срце да го преболи овој човек, ваква трагедија“, „Дали знаевте дека изгубивме брат на кој можевте да му се јавите среде ноќ да ви помогне во нешто“ – пишувало во бројните коментари под неговите фотографии.
Извор: Женски магазин