Skip to main content
Македонија

ТХП организираше Ифтарска вечера по повод Рамазан

03/03/2026  09:44

Партијата за движење на Турците – ТХП вчера во Скопје организираше традиционална ифтарска вечера по повод месецот Рамазан.

На настанот присуствуваа претставници на коалициските партнери, истакнати личности на турската заедница, како и претставници од областа на уметноста, образованието, медиумите и граѓанските организации.

Ифтарската вечера помина во духот на солидарност, меѓусебна почит и заедништво, при што беше нагласена важноста од дијалог, соработка и негување на заедничките општествени вредности.

Партијата за движење на Турците – ТХП останува посветена на унапредување на меѓуетничката соработка и општествената кохезија во Република Северна Македонија, велат од партијата.