
HUGEL се враќа во Македонија, по лудиот, незаборавен и епски настап во Охрид, француската DJ суперѕвезда повторно доаѓа но овојпат во Скопје и тоа погласен и пожесток од било кога! По серија настапи ширум светот и впечатливиот сет во Охрид, моментално најпопуларниот DJ и продуцент HUGEL ќе настапи во СЦ „Борис Трајковски“ на 13 март 2026. Настанот претставува едно од најголемите електронски музички случувања во регионот за 2026 година.
HUGEL е DJ и продуцент со глобално влијание, присутен на најголемите светски фестивали и клубови: Tomorrowland, Ushuaïa Ibiza, Parookaville и десетици меѓународни сцени. Неговиот уникатен стил, кој спојува tech-house, latin-house и европски клубски звук, редовно е меѓу најстримираните на глобалните платформи.
По настапот во Охрид, кој беше оценет како еден од најзапаметените електронски настани оваа деценија, очекувањата за концертот во Скопје се значително зголемени.
„Публиката ќе добие светско ниво на шоу, со продукција која е комплетно усогласена со стандардите што HUGEL ги изведува на светските сцени. Ограничената 24-часовна акција е начин да им овозможиме на најлојалните фанови привилегиран пристап до настанот.“
Продажбата на билети започнува денес, 9 декември, во 10:00 часот преку официјалната платформа kupikarta.com. Како дел од ограничена промотивна понуда, организаторите најавуваат: SUPER EARLY BIRD билети по цена од 1.200 денари, достапни само во првите 24 часа од стартот на продажбата и ексклузивни MEET & GREET backstage пакети, резервирани само за првите 100 најбрзи купувачи по специјална промотивна цена. Пакетите вклучуваат backstage пристап и кратка средба со артистот пред почетокот на шоуто, што ги прави едни од најбараните билети за ваков тип на настани.
Настанот претставува значајно засилување на регионалната електронска музичка сцена и ја поставува Македонија како епицентар на електронските музички слусчувања на Балканот и за истиот се очекува голем интерес од локалната и меѓународната публика. Со ограничените промотивни билети и високо бараните MEET & GREET пакети, организаторите апелираат љубителите на електронската музика да реагираат навреме.
