
Американската скијачка и една од најдобрите во светот Линдзи Вон, по враќањето на патеката имаше желба да настапи на ЗОИ во Милано и Кортина. Сепак нејзиното учество е неизвесно откако на последната трка на спуст трка од Светскиот куп доживеа тежок пад.
Таа ја изгуби контролата и заврши во заштитната ограда. Сепак успеа да се спушти, но јасно беше дека има повреда на коленото и беше укажана лекарска помош на патеката. За тежината на повредата не се знае, бидејќи таа со хеликоптер беше однесена на дополнителни испитувања.
Американката не беше единствената што падна, а откако зачестија „излетувањата“ од патеката поради лошото време организаторите ја прекинаа трката.
Вон сезонава имаше успешни настапи и секако желба за уште еден настап на Олимписки игри. ЗОИ ќе се одржат од 6-22.февруари 2026.

