Skip to main content
Македонија

Тетовскиот суд ги прогласи директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за пожарот во модуларната болница

16/05/2025  13:04

Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за пожарот во модуларната болница, кој загинаа 14 лица, а правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно за предизвикување на општа опасност. Тие се осудени на 1 година и 6 месеци затвор. Додека пак клиничката болница во Тетово доби казна од 1 милион денари.

Ова е втора пресуда за случајот, откако во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар.