Skip to main content
Хроника

Тетовски полицаец осомничен за лажен документ со украден потпис – завршил како доказ во оставинска постапка

11/06/2025  17:12

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Д.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Д.М., во текот на март 2023 година како документарист во Полициската станица Тетово изготвил службен акт – Известување адресирано до адвокат со невистинита содржина, кој не евидирал како таков во ниту една службена евиденција на СВР Тетово, го злоупотребил потписот од раководителот на полициската станица, регистарскиот број на актот и процедурите за примање, постапување и достава на службен акт во постапка за проверка на достапност.

Таквиот акт со невистинита содржина бил употребен во оставинска постапка каде бил евидентиран како доказен материјал на штета физички лица и правно лице од Кичево.