Skip to main content
Хроника

ТЕТОВО: Куршум го пробил автомобилот на пензионер, проектилот завршил внатре!

25/07/2025  18:58

На 24 јули 2025 година, во СВР Тетово бил пријавен инцидент во кој патничко возило било оштетено од огнено оружје. Според пријавата од Н.Р. (69) од село Долно Палчиште, околу 21:00 часот тој забележал дека кровот и задното ветробранско стакло на неговото возило марка „Сузуки“, со тетовски регистарски ознаки, се оштетени од зрно од огнено оружје.

При увидот во возилото бил пронајден и проектилот, што укажува на тоа дека најверојатно се работи за испукан куршум кој го погодил автомобилот додека бил паркиран. Екипа од СВР Тетово извршила увид на местото на настанот, а пронајдениот проектил е подигнат за понатамошна анализа.

Случајот е во фаза на истрага, а засега не е познато од каде е испукан куршумот и дали инцидентот бил намерен или се работи за залутан проектил.