
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот А.М. од Скопје поради сторено кривично дело „измама“
„На 25.05.2024, едно лице од Тетово стапило во контакт со пријавениот преку социјална мрежа и се договориле да купи работна машина, при што парите му ги уплатил на трансакциска сметка во банка, на едно лице, за која пријавениот тврдел дека е негова сопруга“, информираат од МВР.