Skip to main content
Хроника

Тетовец измамен за 64.000 евра

11/10/2025  14:13

На 10.10.2025 во СВР Тетово, 51-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен од С.Р. и Б.Р. за сума од 64.000 евра.

Според пријавеното, по претходно склучен преддоговор со пријавените кај адвокат, И.М. на 16.06.2021  им ја исплатил целата договорена сума на сметка на второпријавената Б.Р., но после исплатата пријавените не дошле за склучување на договор за купопродажба, како што било претходно договорено, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.