Skip to main content
Хроника

Тетовец измамен за 600 евра

08/01/2026  14:58

На 07.01.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 600 евра. Според пријавеното, тој на 19.09.2025 на социјална мрежа стапил во контакт со едно лице, кое се претставило како управител на приватна фирма од Тетово и се договориле за достава и монтажа на собна врата, при што на друго лице, вработен како техничар во фирмата, на каса-прими му исплатил аванс од 600 евра.

Откако поминал договорениот рок за монтажа, тие не биле достапни на телефон, по што пријавителот сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.