Skip to main content
Хроника

Тетовец фатен како краде возило од паркингот на Клиничка болница Тетово

05/08/2025  12:42

Приведен тетовец, фатен при обид да изврши кражба во возило.

На 04.08.2025 во 11:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Л.(39) од Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“ во обид на паркинг на Клиничка болница Тетово.

Тој бил затекнат при обид да одземе пари од патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички на Џ.М.(29) од Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.