Skip to main content
Хроника

Тетовец бесправно градел на територија на НП Шар Планина, доби кривична пријава

08/10/2025  13:58

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправно градење”.

Во текот на 2024 година, на парцела во државна сопственост во с.Селце, пријавениот во својство на инвеститор изградил објект без соодветна одобрение за градба и узурпирал дворно место на територија на Национален парк Шар Планина.