Skip to main content
Хроника

Тетовчанка го уценувала поранешниот вонбрачен партнер за 7.000 евра

01/04/2025  12:13

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Пријавената, изминатите три години го уценувала поранешниот вонбрачен партнер, барајќи му 7.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја извести неговата сопруга за нивната врска и за детето кое наводно било негово.