
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.М.(60) и Е.А.(63), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 11.04.2025 на бул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, а на 22.03.2025 на бул.„Маршал Тито“ во Тетово била извршена контрола на патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски таблички, управувано од второпријавениот. При контролите било констатирано дека двајцата вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган.