Skip to main content
Хроника

Тетовчанец не застанал на полициски „Стоп“ знак и со вратата од возилото удрил полицаец

14/04/2025  13:09

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Р.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 29.01.2025 во Тетово, пријавениот со патничко возило „опел“ не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници, при што со врата од возилото удрил полициски службеник.