
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
– На 13.10.2024, пријавениот склучил договор со „рент а кар“ компанија за изнајмување на патничко возило, но по истекување на рокот тој не го вратил возилото, информираа од полицијата.
По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.