Вчера во 15.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода Ј.Р. (30) од Тетово, кој бил пријавен од неговата 31-годишна невенчана сопруга од Тетово, дека физички ги нападнал неа и нивните три малолетни
деца, а неа и ја заклучил во собата.
Од тетовската полиција велат дека по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.