Skip to main content
Хроника

Тешко повредена жена, паднала во автобус на ЈСП при нагло кочење

10/01/2026  14:06

На 09.01.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св. Наум Охридски” во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 46-годишната Н.С. од Скопје.

Според пријавеното, Н.С. со повредите се здобила додека се превезувала во автобус со скопски регистарски ознаки на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин” во Скопје, така што при нагло кочење, паднала и се повредила.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.