
На 15.05.2025 околу 10.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, А.Н.(18) од Куманово, управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера.
-Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.