Skip to main content
Хроника

Тешко повредена сопатничка: 81 годишен возач од Србија со автомобил излета кај Велес

26/06/2025  14:15

Возач излета од автопат кај Велес. Тешко е повредена сопатиничката.

– На 25.06.2025 околу 12 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот во правец од Градско кон Велес, патничко возило „рено лагуна“ со германски национални ознаки, управувано од М.Р.(81) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.Б.(68) од Р. Србија, констатирани во Општата болница Велес, информираа од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.