Skip to main content
Хроника

Тешко повредена малолетничка во Струга

07/09/2025  12:56

На 06.09.2025 во 15:45 часот, на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Елпида Караманди“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(38) од струшкото село Шум и електричен тротинет, управуван од 16- годишна малолетничка од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид.