Skip to main content
Хроника

Тешко повреден уште еден пешак во сообраќајна несреќа

22/03/2025  13:04

Вчера (21.03.2025) во 16.50 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на локалниот пат Зубовце-Врапчиште, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(47), удрило во пешакот М.Ј.(55), двајцата од Врапчиште.

MK Summit

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар, извести СВР Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.